Лауда веќе може да дише сам по трансплантација на белите дробови

Легендата за автомобилскиот спорт Ники Лауда се опоравува многу брзо по трансплантацијата на белите дробови.

Лекарите од клиниката каде веќе извршена операцијата денеска соопштија дека трикратниот светски шампион во Формула 1 веќе нема потреба од помош при дишењето.

- Само 24 часа по операцијата Ники Лауда беше целосно свесен. Беше отстранета помошната цевка и веќе дише самостојно, се вели во заедничката изјава на лекарскиот тим од виенската Општа болница и Медицинскиот универзитет од Виена.

Во соопштението се додава дека сите органи во телото на Лауда добро функционираат.

Лауда, кој беше во одреден период и управен директор на тимот на Мерцедес во Формула 1, беше подложен на операција во четвртокот, откако лекарите сметаа дека нема друг начин да се отстрани вирусната инфекција.

Шеесет и деветгодишниот Лауда има сериозни здравствени проблеми откако при несреќа за време на трката во август 1976 година се запали неговиот болид.

Лауда, кој е шампион од 1975, 1977 и 1984 година, потоа почна да работи како авиопилот и формираше сопствена авионска компанија „Лауда Ер“. Тој исто така беше коментатор и телевизиски аналитичар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...