Марко: Ако Хонда доживее неуспех, Ред бул ќе ја напушти Ф1

Шефот на Ред Бул, Хелмут Марко даде сензационална изјава дека ако Хонда доживее неуспех, неговиот тим може да ја напушти Формула 1. Под „неуспех“ се подразбира соработката да не донесе победи во шампионатот.



Иако Ред Бул се сметаат за дел од „трите големи“ тима, заедно со Мерцедес и Ферари, тимот не е триумфирал со титулата во Ф1 од времето на Себастијан Фетел. Претходно во текот на годината тие најавија дека ја прекинуваат соработката со Рено и преминуваат кон Хонда - со надеж дека ова партнерство ќе го отвори патот кон нови успеси.

- Ние сме задоволни од прекрасното партнерство со Хонда, што ќе се развие во текот на следните неколку години. Ако поради некоја причина тоа се покаже како неуспешно, тогаш Ред Бул ќе ја напушти Ф1, рече Марко пред „Спидвик“.

Репутацијата на Хонда претрпе многу во последните сезони поради неуспехот со Мекларен. Компанијата беше речиси подготвена да го напушти спортот, но Марко ги убеди да останат со Ред Бул.

- Соработката меѓу Хонда и Торо Росо се развива многу добро засега, заклучи Марко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...