Фенати јавно се извини за инцидентот во Сан Mарино

Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати јавно се извини за инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.

Фенати во еден момент од трката се доближи до Стефано Манци и при брзина од околу 200 километри на час се обиде да ја притисне неговата кочница со што животно го загрози ривалот на патеката. Двајцата возачи претходно имаа кошкања на патеката, при што Манци го избутка Фенати од патеката.

На Фенати му беше покажано црно знаме на патеката заради неодговорно возење, а веднаш беше суспендиран за следните две трки.

- Искрено жалам за тоа што го направив. Размислував и мислам дека направив срамен потег, недостоинствен гест. Не требаше така да реагирам на провокациите, истакна Фенати.

Најголемиот дел од неговите колеги го осудија овој инцидент, а најрадикалните побараа Фенати да добие доживотна суспензија.

- Критиките се заслужени и ја разбирам огорченоста што ја чувствуваат кон мене. Сакам да им се извинам на сите кои ги повредив со моето однесување. Во моментов претставата која луѓето ја имаат за мене е ужасна. Но, оние кои ме познавааат знаат дека не сум таков, нагласи Фенати.

Тој во меѓувреме доби отказ од тимот на Маринели Снајперс



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...