Кими за разделбата со Ферари: Не беше моја одлука

Возачот на Ферари во Формула 1, Кими Раиконен не беше расположен кога мораше да коментира за неговата претстојна разделба со тимот. Финецот, сепак, изјави дека ова не е „негово решение“.



Пред само неколку денови „Скудерија“ објави дека договорот на 39-годишниот ветеран истекува на крајот од годината и нема да биде обновен. Следната сезона, партнер на Себастијан Фетел ќе биде Шарл Леклер.

Во меѓувреме Раиконен останува дел од „кралските трки“, по потпишувањето на 2-годишниот договор со Заубер, тимот во кој го направи дебито во Ф1.

- Разделбата со Ферари? Тоа не беше до мене и не беше моја одлука. Таква е разврската, барем имаме некаква разврска, изјави „Ајсмен“ на пресот пред Гран-при викендот во Сингапур.

Тој остро одговори во однос на прашањето дали е среќен што оди во помал тим како Саубер.

- Зошто да не сум?! Сакам да одам таму. Зошто ги правите нештата толку комплицирани? реторички го праша Раиконен новинарот кој му го упат прашањето.

Во однос дали ова ќе биде неговиот последен договор, Кими изјави дека постои голема шанса тоа да е случај.

- Ќе престанам да се натпреварувам, кога ќе почувствувам дека тоа е вистинското нешто за мене, додаде Раиконен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...