Џовинаци му се приклучува на Раиконен во Заубер

Антонио Џовинаци доби своја шанса и во март следната година ќе се нареди на стартната линија на Формула 1 во Австралија. Италијанецот си загарантира место во Заубер како тимски колега на Кими Раиконен во сезоната 2019 година. Во соопштението се вели дека привлекувањето на 24-годишниот пилот одговара на традициите на Ф1 тимот за откривање млади таленти.



- Еден сон станува реалност и чувствувам големо задоволство дека добив шанса да се натпреварувам за овој тим. Како Италијанец, за мене е чест да претставувам легендарен бренд како Алфа Ромео, изјави Џовинаци.

Италијанецот беше кандидат за титулата во ГП2 во 2016-та, кога шампион стана идниот пилот на Ред Бул - Пјер Гасли. Џовинаци има две трки во Формула 1 со Заубер, кога го замени повредениот Паскал Верлејн. Оваа година тој учествуваше во неколку петочни тренинзи како за Заубер, така и за Хас.

Ферари има право да му понуди на Саубер пилот од неговата академија за таленти, поради соработката меѓу двата тима и врската на Заубер со Алфа Ромео.

Привлекувањето на Италијанецот значи дека швајцарскиот тим ќе се потпира на сосема нова тркачка двојка следната година. Маркус Ериксон ќе остане во тимот како трет пилот и амбасадор на Алфа Ромео.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...