Ред Бул: Можевме да се бориме за титулата, но ни недостигаа 50 коњски сили

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е убеден дека неговиот тим можел да се бори за светската титула во Формула 1 во 2018 година, ако нивните автомобили имале околу 50 коњски сили повеќе.

Според Хорнер, шасијата на Ред Бул била најдобра во сезоната и во Формула 1 и исто така најдобрата произведена некогаш од тимот.



Во шампионските години на Ред Бул, Себастијан Фетел доминираше целосно на патеките и освои четири титули со послаб мотор од своите конкуренти. Токму во овој период Германецот ги искористи максимално добро квалитетите и аеродинамиката на шасијата изработена од Адријан Њуи, па помалата моќност на моторите Рено воопшто не беше проблем.

– Секогаш е многу лесно да кажеш ќе го направевме ова ако… Во случајот сепак е чиста вистина дека ако имавме 54 коњски сили поголема моќност зад грбот на пилотите, можевме да се бориме за титулата. Нашата шасија се претстави најдобро оваа година и можам да ви кажам од искуството низ годините поминат во Ред Бул, дека тие се најдобрите кои сме ги направиле во историјата на тимот, убеден е Хорнер.

Тој ги пофали своите вработени за завршената работа велејќи дека тие го направиле невозможното, бидејќи и покрај помалата моќ се бореле како еднакви против Мерцедес и Ферари.

– Само погледнете другите тимови со мотори Рено (фабрички тим на Мекларен и Рено), како да бевме во различни категории, заврши Британецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...