Алонсо по победата на „24 часа на Дејтона“: Ова е голема работа!

Фернандо Алонсо триумфираше во „24 часа на Дејтона“ со својот тим „Вејн Тејлор Рејсинг“ и колегите Камуи Кобајаши, Џордан Тејлор и Ренгер ван дер Занде со „Кадилак“. Тоа беше првиот голем успех за Алонсо откако ја напушти Формула 1 на крајот на сезоната 2018.



Победата е и втора за поранешниот пилот на Мекларен во 24-часовна трка по успехот на „Ле Ман“ во јуни минатата година.

– Да победам на ваков тип трка на легендарно место како „Дејтон“ значи многу за мене. Со минимална подготовка и искуство во трките на издржливост оваа победа е голема работа”, изјави Алонсо по трката.

Тој го направи своето деби во „24 часа на Дејтона“ минатата година, кога заврши 38-ми. Шпанецот ги прокоментира и тешките услови на патеката.

– Условите беа многу различни. Се натпреварувавме на суво, на мокро, во текот на денот и во текот на ноќта. Многу се радувам за сите во тимот, додаде Алонсо.

Шефот на тимот, Вејн Гарден го прокоментира пилотирањето на Ф1 шампионот на мокро, што во голема мера ја обезбеди и победата на тимот

– Фернандо Алонсо е еден од најимпресивните натпреварувачи кои сум ги видел, изјави Гарден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Директорот на гробиштата го прашува чуварот:
- Добро бе, зошто се толку уморни гробарите денеска?
- Му умрела на некој човек таштата, па три пати ја вадеа на бис.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни. Виадукт Трејд известува дека денес (20.02.2019) ќе се...
Верски календар
На денешен ден
1507.- Роден е италијанскиот сликар Џентиле...
1790.- Умре австрискиот цар Јосиф Втори, син на...
1808.- Роден е францускиот сликар, графичар и...
1886.- Роден е унгарскиот револуционер Бела Кун,...