Фетел: Мерцедес се во своја лига

По првиот ден на тренинзи за сезоната 2019, Себастијан Фетел изјави дека Мерцедес се во „нивна сопствена лига“. Четирикратниот светски шампион ги нарече бесмислици извештаите дека „сребрените стрели“ не се во форма.

Актуелниот светски шампион Хамилтон го постави темпото наутро и остана најбрз цел ден. Позагрижувачко за Ферари, сепак, е дека попладне, Ботас го стигна темпото на својот тимски колега, а и двата Ред була беа побрзи од „Скудерија“.

– Мислам дека Мерцедес беше многу брз. Не знам дали бевме побавни, но тие едноставно се натпреваруваат во своја лига. Не знам какви беа тие глупости дека не се во форма и така натаму. Искрено не разбирам. Така да, ова беше изненадување, изјави пилотот на Ферари.

За лошото темпо, Себастијан ги обвини проблемите кои ги доживеале попладнето, и кои го направиле несигурен во управувањето на својот СФ90, и покрај позитивните сигнали од тестовите во Барселона.

– Не успеавме да влеземе во ритам, а тука тоа е многу суштинско. Автомобилот не ме слуша, како што беше случај во Барселона, и тоа ме прави несигурен, заврши Германецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...