Хакинен: Хонда ќе биде сила во Формула 1

Тандемот Ред Бул-Хонда изгледа ќе биде сила во Формула 1. Такво е мислењето на двократниот светски шампион Мика Хакинен, кој го поздрави првиот подиум на Јапонците по нивното враќање во спортот во 2015 година. Партнерството меѓу Мекларен и Хонда беше доста болно, но уште во првото натпреварување со Ред Бул во Австралија, Макс Верстапен заврши трет.

– Ова симна дел од притисокот врз нас, изјави Тојохару Танабе, технички директор на Хонда, цитира од „Диарио Спорт“.

Сепак, тој предупреди дека ќе биде потребно извесно време пред Ред Бул-Хонда да бидат подготвени за победа.

– Се уште има јасна разлика со водечките тимови, подиумот не ги менува овие околности. Тешко е да се процени каде точно се наоѓаме во однос на претставувањето. Секоја следна патека е различна, па следниот пат може да сме во различна позиција, додава Танабе.

Холанѓанецот Макс Верстапен, исто така, беше многу задоволен од освоеното трето место, како и од претекнувањето на Себастијан Фетел со помош на новиот „парти-режим“ на Хонда.

– За Хонда беше исклучително пријатно што можеше да ги надминат Ферари на патеката. Но, има на што да се работи, рече пилот на Ред Бул.

Поранешниот пилот на Мекларен, Мика Хакинен, ги поздрави успешните напори на Хонда да се пробие во челото.

– Тоа одзеде четири тешки години на развој, но фактот дека Верстапен беше во можност да го претекне Ферарито на Фетел беше нешто навистина посебно. Јасно е дека Ред Бул-Хонда ќе биде сила на овогодинешниот светски шампионат, вели Финецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...