Розберг: Ферари ќе има проблеми, ако Леклер продолжи да го победува Фетел

Светскиот шампион за 2016 во Ф1, Нико Розберг верува дека Ферари ќе имаат проблеми во справувањето со конкуренцијата меѓу Леклер и Фетел, ако Шарл продолжи да го победува Себастијан.

Четирикратниот светски шампион не успеа да се качи на подиумот во првите две трки од новата сезона и е едвај петти во генералниот пласман со 22 поени, зад клупскиот колега, Верстапен од Ред Бил и Хамилтон и Ботас од Мерцедес.



– Ќе биде интересно како ќе успеат да управуваат со тимот, особено ако Шарл продолжува да покажува таква брзина и темпо. Ако Леклер продолжува да биде толку брз, тој секогаш ќе го предизвикува Себастијан и ќе биде многу тешко, смета Розберг.

Шефот на „скудерија“ Матија Биното претходно изјави дека Фетел ќе има приоритет како поискусен и поуспешен. Само што Себ имаше слаба трка во Бахреин, заостана три десетинки во квалификациите, имаше вртење за време на трката и остана петти, иако Ферари имаа најдобар пакет.

Нико Розберг додаде дека ако Леклер стане фаворит за освојување на шампионатот, тогаш ова нема да биде проблем само за Фетел.

– Ако има проблем за едниот пилот, тогаш тоа станува проблем за целиот тим, вели поранешниот Ф1 шампион.

Нико е на мислење дека неговиот сонародник сé уште не ги надминал грешките од минатата сезона кога загуби од Луис Хамилтон.

– Тој е четирикратен светски шампион. Во спортот една трка може да смени се. Сигурен сум дека тој е во состојба да се врати брзо. Доволно е да победи во трката во Кина – тогаш сè ќе се промени и тој ќе ја врати самодовербата, заврши екс пилотот на „сребрените стрели“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...