Мерцедес ќе одлучи за пилотите по летната пауза

Возачот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот ќе одлучи за тоа кој ќе вози за нив во 2020 година по летната пауза. На сите е јасно дека Хамилтон ќе остане, но кој ќе му биде тимски колега засега останува мистерија. Во принцип Валтери Ботас засега се справува добро и освојува поени за тимот, но можеби за неговото место има поатрактивни кандидати.



Естебан Окон е миленик на Волф, а оваа сезона работи во симулаторот. Сега излегува дека и Макс Верстапен може да го напушти Ред Бул, бидејќи има клаузула во договорот, која му дава право да преговара со други тимови, ако не освои ниту една трка до летото.

– Не сакаме да создаваме нервоза и да брзаме со решенија за пилотите пред летната пауза. Има интерес за Естебан од други тимови, но нема да го дадеме лесно. Сепак, ако нема шанса да вози за нас, ќе треба да го пуштиме, изјави шефот на „сребрените стрели“ за „Спид Вик“.

Според гласините, Рено е заинтересиран за Окон, а другиот резервен пилот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе остане во Вилијамс и наредната сезона.

– Џорџ има договор со Вилијамс за 2020 година и се надевам дека тој ќе им помогне да тргнат напред, додаде Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...