Норис: Враќањето на трките ќе биде шок за телото

Лондон, 30 април 2020 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Ландо Норис е убеден дека долгата пауза помеѓу претсезонските тестови и почетокот на сезоната многу ќе влијае на пилотите во Формула 1.

– Јас го правам она што можам – тренирам и се обидувам да останам фит, бидејќи враќањето на трките ќе биде шок за телото. Нема да имаме можност да возиме автомобил Ф-3 или кој било друг. Буквално располагаме само со патни автомобили, а јас не многу често возам. После тоа, ќе мора да пилотираме еден од најбрзите автомобили во светот со огромни преоптоварувања. Ќе биде голем шок, изјави Норис.

Телото се прилагодува на аеробатиката. Дома, можете да изведувате секаков вид вежба со тренирање на вратот, но невозможно е точно да го креирате товарот од возење автомобил Формула 1. Дури и за најквалификувани луѓе во светот, тоа ќе биде тешко, потенцира Норис. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...