Хамилтон: Подобро трки без публика, отколку да нема воопшто

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека му недостига возбудата на трките и поддршката на публиката, но сепак се надева дека може да започне сезоната 2020, дури и ако се случи пред празни трибини.



– Не знам колку е возбудливо фановите да гледаат трки само од нивните домови, но тоа е подобро од ништо. Сепак, ова е тежок момент за секој пилот, затоа што навивачите се тие што ја прават добра трката, рече 35-годишниот Британец.

Новата сезона во Формула 1 требаше да започне во март, но поради пандемијата на КОВИД-19, сите трки беа одложени или откажани барем до крајот на јуни. Надежта за управување со светскиот шампионат е дека може да се обнови на почетокот на јули во Австрија, по што следи домашната за Хамилтон трка – Големата награда на Велика Британија.

– Во целиот свет, колку повеќе фанови имате, толку е подобра атмосферата. Особено на места како „Силверстон“ и „Монца“, нивното отсуство ќе се чувствува многу силно. Ваквите натпревари ќе донесат чувство на претсезонски тестови, но факт е дека ми недостасува чувството да се натпреварувам. Досега се чувствувам одлично затоа што не се сеќавам на последниот пат кога сум бил на едно место шест недели. Имав време повторно да ги откријам работите што ги сакам, како и да им одделам повеќе време. Ми дава енергија и самодоверба да работам уште посилно, заклучи Британецот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...