Болидот на Фетел ќе добие нова шасија за шпанското Гран при

Маранело, 12 август 2020 (МИА) – Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе добие нова шасија на болидот за претстојното Гран-при на Шпанија. Тимот од Маранело ова го објави во официјална изјава.

– Себастијан ќе добие нова шасија, бидејќи во анализата направена по трката во Силверстон, откривме мало оштетување на шасијата, предизвикана од тешкиот контакт со работ на тротоарот. Оваа штета не дека може многу да влијае на брзината на автомобилот, но замената на шасијата на тимот му се чинеше логична одлука, имајќи ги предвид сите околности, се вели во изјавата на тимот.

Германецот оваа сезона постојано наидува на проблеми и се пожали на однесувањето на автомобилот. Во исто време, другиот пилот на Ферари, Шарл Леклер веќе успеа двапати да заврши на подиумот по пет одржани трки од Светскиот шампионат во Формула 1.

Трката за Големата награда на Шпанија ќе се вози в недела на патеката „Каталуња“ кај Барселона. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...