Роси ќе остане во Мото ГП и во 2021 година

Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам Валентино Роси ќе ја продолжи својата тркачка кариера најмалку за уште една година во класата МотоГП откако претходно денес потпиша договор со тимот на Петронас Јамаха СРТ.



Така, „Докторот“ ја обезбеди својата 21-ва сезона во кралската класа, каде освои седум светски титули, од кои последната во далечната 2009 година. Иако Роси ќе вози во сателитски тим, тој ќе ужива во целосна поддршка од фабриката од Јамаха, каде 15 од последните 17 сезони ги помина во МотоГП.

– Во име на Петронас Јамаха СРТ и сите наши партнери, би сакал да кажам дека за нас е голема привилегија да го пречекаме Валентино Роси – возач на кој не му треба никакво претставување – како дел од тимот за следната сезона. Неговото искуство ќе биде многу вреден адут за нашиот тим, кој ќе биде во трета сезона во МотоГП во 2021 година и сигурни сме дека ќе научиме многу од Валентино. Во исто време, ќе сториме се што можеме за да му помогнеме да биде конкурентен и да ја оправда довербата што ја дава во нас. Подготвени сме за овој предизвик, прокоментира шефот на тимот, Разлан Разали.

Во малезискиот тим, Роси ќе биде партнер со неговиот штитеник Франко Морбидели, кој пред само две недели ја забележа првата победа во кралската класа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на патеката „Мизано“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...