понеделник, 06.02.2012

IDIVIDI Мени

Лотус го претстави Е20 болидот

Формула 1 тимот на Лотус го претстави болидот Е20 кој ќе го вози повратникот Кими Раиконен во новата сезона. Е20 ќе го има пробното возење денеска во Херез, а во новата сезона Раиконен за партнер ќе го има Роман Грожан.

Според Ерик Булиер, новиот болид има повеќе суптилни иновации. Издувниот систем е редизајниран, а со ревизијата на предната и задната суспензија, се очекува да се добие повеќе аеродинамичност. Тимот сега има нови спонзори на самиот болид, Rexona и Clear.

-Се надевам дека многу ќе научам од Кими. Сите очекуваме многу оваа сезона. Треба заедно да работиме, за да го однесеме тимот напред. Тоа е нашата главна цел, изјави Грожан.

Како и за Раиконен, овогодинешната сезона е камбек сезона и за Грожан кој се враќа по лошата деби сезона во Рено кога го имаше Фернандо Алонсо за партнер. Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 18 март.



IDIVIDI Анкета
Дали сте задоволни од настапот на ракометарите на ЕП
Да
Не
Можеа и подобро
Гласање за анкета
Наjновo од Спорт
Лотус го претстави Е20 болидот
Контадор суспендиран две години и без титулата победник на „Тур де Франс 2010“
Леброн и Коби најдобри во јануари
Алонсо задоволен од "радикалноста" на Ферари
"Слоновите" го урнаа сонот на домаќините
Конечно, оптимизам во Дукати
Црна мачка на Ноу Камп
"Убав болид не значи брз болид!"
Стонер повторно најбрз
Хамилтон сака брз одговор за иднината
За Бергер Мекларен е најдобриот тим
"Хамилтон не е човек, туку е страшливец"
Новиот болид на Мекларен
Мекларен ќе промовираат "нелегален" болид?
  IDIVIDI Сервиси
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи