Ферари во нова криза, има ли решение?

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, наводно си замина предвреме од патеката Сакир во Бахреин во неделата навечер откако призна дека перформансите на неговиот тим му носат „многу болка“

Додека Мерцедес беа далеку пред конкуренцијата со втор едноподруго 1-2 триумф, Ферари не успеаја да се борат за подиум. Побавни од Форс Индија, Вилијамс и Ред Бул, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен на крајот мораа да се задоволат со деветтото и десеттото место, последните две кои носат поени.

Ди Монтеѕемоло не беше на патеката да го забележи ова.

„Не ми се допаѓа да го гледам Ферари во ваква состојба. Луѓето во фабриката кои се задолжени за моторот мораат да направат голем скок во квалитетот. Не очекував многу од оваа трка, но, сепак, очекував повеќе од ова. Да се види бавно Ферари на рамниот дел е навистина болно“, изјави Монтеѕемоло.

УБЕДУВАЊЕ ВО ПОДОБРА ИДНИНА

Монтеѕемоло на состанок со Алонсо во Бахреин се обидел да го убеди дека формата на тимот ќе оди во нагорна линија. Лани Алонсо јавно се судри со Монтеѕемоло, по што доби официјално предупредување, но овој пат за проблемите се разговарало зад затворени врати. Алонсо лани на новинарско прашање што би сакал во моментов изјави дека сака друг болид. Сега и тој е посмирен.

„Лука дојде во неделата наутро и останавме во мојата соба 10 минути. Се обидовме да ги составиме сите проблеми кои ни се појавија во првите две трки и кои се следните чекори кои ќе ги преземеме. Сакаше да ми ја пренесе пораката дека Ферари го дава својот максимум, преку инжинерите, техничарите и сите други во тимот, бидејќи никој не е задоволен. Ние сме обединет тим и нема да се смириме додека ситуацијата не се смени“, признава Алонсо.

НАДЕЖТА ЗА ТИТУЛАТА ОСТАНУВА

Шпанецот одбива да ги отфрли сите шанси за титулата оваа година и покрај огромната предност која ја има Мерцедес.

„Иако направивме сè што можеме, не можеме да бидеме задоволни од нивото на перформансите и сега единствена мерка останува да се работи дење и ноќе. Сезоната е многу млада и можеме да се соземеме. Ги имаме потребните ресурси и потребниот потенцијал и сега сè зависи од нас“, додава Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...