Двајца мажи се обиделе да провалат во собата на Шумахер со цел да го сликаат во кома и потоа да ги продадат сликите.
Инцидентот се случил пред две недели, но информацијата дури сега успеа да стигне до јавноста. По брзата интервенција, обезбедувањето на болницата ги фатило провалниците и ги предало на полицијата.
Ова е втор обид да се дојде до фотографија од возачот по неговата несреќа на француските Алпи. Претходно маж облечен како свештеник се обиде да влезе во неговата соба, но беше спречен од телохранителите на Шумахер.
Фотографија од возачот сега може да достигне цена од илјадници долари, па затоа многумина се обидуваат по секоја цена да дојдат до неа.