Сензационална победа на Стефановски во Франција

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе извојува сензационална победа на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој на патеката во француското гратче Сент Жан ду Гард во Франција, во класата Н оствари најдобри времиња. Овој триумф на Иџе му донесе максимални 25 бода во генералниот пласман во Европскиот шампионат.

Во двете возења Стефановски беше константен и патеката ја мина за 3:02.136 и 3:02.495 минути. Негов најголем конкурент беше Чехот Јиржи Лос, кој не успеа да се спушти под 3:04 минути и постигна времиња од 3:04.224 и 3:04.846 минути. Третото место во оваа група го освои неговиот сонародник, Оскар Бенеш.

- Презадоволен сум од се, и од резултатот и од автомобилот и од екипата. Потајно очекувавме и се надевавме на успех, но ова е веќе реалност. Не само ние, туку сите се изненадени од нашиот резултат. Кога се искачував на подиумот добив најголем аплауз од сите победници по групи и категории. Дури и организаторите искрено и срдечно ми честитаа. Беа фрапирани колкав пат сме поминале за да учествуваме и згора на се, да успееме да ја победиме елитата која редовно им гостува и чии квалитети добро ги познаваат, вели Стефановски.

Колку е резултатот на Стефановски импресивен зборува и фактот што тој беше подобар и од натпреварувачите од класта А (возила кои се побрзи од класата Н).

Единствено побрз од Стефановски кај автомобилите пријавени за бодување за Европското првенство е Белгиецот Јаник Бодсон со Порсцхе 997 група ГТ (3:00.311 и 2:58.638).

Инаку, севкупен победник на патеката долга 5,280 метри е Италијанецот Симеоне Фаџиоли со болид Норма М20 со времиња од 2:20.425 и 2:22.966 минути, чиј резултат во првото возење претставува и нов рекорд на патеката.

Следната трка се вози за две недели во Рехберг, Австрија, а Иџе со нетрпение го очекува новиот предизвик и шансата да го поправи впечаток од лани.

- За две недели патуваме за Рехберг. Предноста е што таа патека ја знам од минатата година. Лани излетав во првото возење и немав шанси за добар резултат, но сега имам мотив повеќе за да го поправам впечатокот од лани. Сепак, таму би требало конкуренцијата да е посилна од овде во Франција поради големиот број локални возачи во мојата група, изјави македонскиот автомобилист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...