Фетел не се откажува од петтата титула

Четирикратниот светски шампион и прва ѕвезда на тимот на Ред Бул, Себастијан Фетел сè уште се нема откажано од петтата итула оваа сезона и покрај апсолутната доминација на Мерцедес на првите четири трки од сезоната.

Фетел има само еден подиум оваа година, со третото место во Малезија, а по Кинеското ГП, каде што беше петти и повторно во сенка на новиот колега Даниел Рикијардо, тој е само петти во генерален пласман со 33 поени, дури 46 помалку од лидерот Нико Розберг.

„Секако не е лесно бидејќи сè уште не можеме да размислуваме како да ги фатиме Мерцедес. Но, од друга страна, сезоната не е завршена и пред нас има уште многу трки. Сè уште сè е можно. Фактот е дека имаме одличен болид и сега треба да работиме на подобрувањата на најдобар можен начин да извлечеме максимум од моторот на Рено“, вели Фетел.

НЕМА УДОБНОСТ ВО НОВИОТ БОЛИД

Откако втора трка во низа му беше соопштено да направи место за својот помлад колега, Фетел признава дека не се чувствува најдобро во новиот болид РБ10.

„Сè уште не сум таму каде што посакувам и во основа се борам со болидот. Тоа е процес кој трае. Понекогаш одиме еден чекор напред, но понекогаш еден чекор назад. Се надевам дека ќе одиме во вистинска насока почнувајќи со Барселона“, заклучува Фетел.

Ривалот од Вилијамс, Фелипе Маса смета дека Германецот ќе има огромна пречка да се врати на врвот во самиот тим.

„Кога имаше тим кој работеше само за него, со Вебер како колега, сè беше поедноставно за него. Но, сега има малку повеќе притисок и тоа ја менува ситуацијата. Не сакам да го намалам неговиот талент бидејќи тој заслужи сè што освои, но ова е ситуација која ќе биде тешко да се надмине“, оценува Маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...