Коментарите за пензионирањето на Кими Раиконен не се умен потег од негова страна, вели неговиот фински сонародник, двократниот шампион, Мика Хакинен. Финскиот возач на Ферари неодамна најави дека најверојатно ќе сопре кога ќе му заврши договорот следната година.
„Не верувам дека тоа е многу умен потег. Кога механичарите и другите луѓе во тимот знаат дека некој планира да се повлекува за година и пол, нивниот фокус ќе се префрли на другиот возач, Фернандо Алонсо“, вели Хакинен.