„Чистка“ во Катерхам, 40 луѓе отпуштени

Катерхам Ф1 тимот отпушти повеќе од 40 вработени откако новите сопственици решија да ги намалат трошоците. Помеѓу тие што си заминуваат се заменикот технички директор Џоди Егингтон и шефот за операција на трки, Гери Хјуз.

Малезискиот бизнисмен Тони Фернандес овој месец го продаде тимот на инвеститори од Швајцарија и Блискиот Исток, и сега тимот ќе биде предводен од поранешниот холандски Ф1 возач Кристијан Алберс и поранешниот шеф на Мидланд, Спајкер и ХРТ, Колин Колс.

Пред преземањето Катерхам имаше околу 350 вработени, и се верува дека заминуваат тие со најголемите плати. Американскиот возач Александер Роси во средата исто така објави дека си заминува од тимовите на Катерхам во Ф1 (каде што беше резерва) и од ГП2 серијата. Шпекулациите велат дека е несигурно местото на Јапонецот Камуи Кобајаши, бидејќи тимот ќе побара возач кој може да донесе повеќе пари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...