Стефановски на трка во Словачка

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе викендов во Словачка ќе настапи на осмата трка од Европското првенство на ридски патеки.

Водечкиот во генералниот пласман ја „преживеа“ неправдата во Португалија кога наместо првото место поради грешка на организаторот заврши на третата позиција, се извлече од блиската средба со банкината во Чешка и победи со расипан мотор во Полска, а на патеката „Добшинки Копец“ ќе мора да излезе на крај со целата словачка елита која ќе се обиде да им помогне на поранешните сонародници Чесите Јаромир Мали и Јири Лос.

- За разлика од минатите трки, малку е чудно што овој пат, во Словачка сите натпреварувачи во групата Н се пријавени и за Европското првенство. Тоа не е случај и со групата А каде што вози Мали, но се надевам дека не се работи за некое „чешко-словачко пријателство“, вели Стефановски.

Спецификата на ЕП на ридски патеки, додава, е што на секоја патека против себе ги имате најдобрите локални автомобилисти кои возат само на таа трка и не ви се конкуренција во генералниот пласман, но морате да ги победите на домашен терен. - Така беше во Италија, во Полска, во Австрија, а така ќе биде и сега, во Словачка, вели Стефановски.

Патеката во Словачка е долга 6.810 и е непозната за нашиот ас. Ќе се возат две трки, а пријавени се 150 учесници. Во групата Н пријавени се 12 возачи, од кои 11 се со исто возило (Митсубиши Лансер Ево 9) како Стефановски.

Речиси сите Чеси и Словаци кои ќе возат за своите национални шампионати се пријавени и за бодување во Европскиот шампионат.

Иџе води во генералниот пласман со 143 бода, пред Јаромир Мали со 100 и Јири Лос со 94 поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...