Даниел Рикардо победник на унгарското Гранд при

Даниел Рикардо од Австралија е победник на трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Унгарија.

Возачот на Ред Бул во супер интересната трка на патеката „Хунгаро ринг“ до својата втора победа сезонава и втора во кариерата стигна на два круга пред крајот откако ги мина Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

За австралискиот возач ова е петти пат сезонава да се искачува на пиедесталон на кој денеска крај него место имаше и за Фернандо Алонсо од Ферари, како и Британецот Луис Хамилтон на Мерцедес, кој до третото место стигна иако трката ја започна како последен од боксот.

Иако стартуваше прв, Германецот Нико Розберг на крајот мораше да се задоволи со четвртото место, но тој и натаму останува водечки во генералниот поредок сега со 202 бода. Неговиот клупски колега Луис Хамилтон е втор со 191, а денешниот победник Рикардо сега има 131 бод.

Во конкуренција на конструктори Мерцедес е убедливо прв со 393 бодови, пред Ред Бул со 219 и Ферари со 142 бодови.

Во Ф1 шампионатот следува речиси едномесечна пауза, а следната трка ќе се вози на 28 август и тоа за големата награда на Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...