Конфликтот станува сè пожесток

Возачите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон и понатаму се во „војна“ која никако не стивнува туку станува сè поголема. Проблемите околу двајцата возачи добиваат на интензитет, а двајцата не си посакале ниту убав одмор за време на паузата која претстои до трката во Белгија.

Проблемите добија на интензитет на последната трка во Унгарија каде што Хамилтон не го почитуваше барањето да му дозволи на Розберг да го помине бидејќи имаше побрз болид. Претходно и двајцата искажаа многу коментари во медиумите со кои сакаа да стават на знаење дека немаа премногу почит еден кон друг.

Веќе се појавија информации кои велат дека во Мерцедес сметаа дека односот на Хамилтон го чинел тимот и победа така што во следниот месец ќе биде навистина интересно да се види како ќе течат работите.

Информации од лица кои се блиски до Мерцедес велат дека двајцата возачи дури и не се погледнале по трката. Покрај тоа воопшто и не се поздравиле по завршувањето на овој дел од сезоната и не си посакале убав одмор. Сето тоа е знак дека работите во Мерцедес не се на најдобро ниво и дека ќе треба многу да се поправат односите ако се сака мир во тимот.

ЗАГУБЕНА КОНТРОЛА

Сите информации од Мерцедес велат дека челниците на тимот веќе имаат загубено контрола над возачите, па овој двобој може да стане многу поголем од оној меѓу Сена и Прост во осумдесеттите години. Тогаш Мерцедес на некои трки мораше да има и трет возач за да освојува поени бидејќи Сена и Прост често се исфрлаа еден со друг од патеката.

За да не дојдат во ситуација и Розберг и Хамилтон да влезат во таков дуел ќе мора да преземат некои воспитни мерки, а притоа нема да биде ништо чудно ако возачот од Англија остане и без работа во тимот бидејќи и договорот му е пред истекување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...