Местото на Батон во Мекларен сè понесигурно

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие, признава дека тимот од Вокинг размислува за „освежување“ на возачкиот состав за сезоната 2015.

Данскиот дебитант Кевин Магнусен оваа сезона дојде на местото на Мексиканецот Серхио Перез, кому му беше дадена само една сезона, додека Џенсон Батон е во тимот од 2010 година. Шпекулациите велеа дека пред повторната соработка со Хонда, Мекларен бара врвен возач да го предводи проектот, како поранешните возачи Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон или четирикратниот шампион Себастијан Фетел.

„Јас можам да го дадам само мојот максимум и да се надевам дека тоа е доволно. Сите во Мекларен треба да сметаат да го дадат својот максимум за да заслужат своето место“, вели Магнусен.

Исто така се верува дека Мекларен би се решиле да го заменат шампионот од 2009, 34-годишниот Батон, чиј договор завршува на крајот на сезоната. Неодамна шефот на тимот, Рон Денис, побара од Батон да го крене своето ниво, а сега слична порака стигнува и од Булие.

„Џенсон знае дека најважно е да освојува што повеќе поени. Не треба да докажува ништо бидејќи е светски шампион и има многу победи за Мекларен. Меѓутоа, треба да бидеме реални бидејќи за една, две, три години ќе мораме да го освежиме составот и нормално е да ги бараме најдобрите возачи во тој момент“, вели Булие.

Од своја страна Батон, кој е вториот најстар возач во Ф1 по Кими Раиконен, но има повеќе искуство од него, вели дека останува во Формула 1 и 16-та последователна сезона во 2015.

„Во моментов, мојот интерес е да се тркам во Формула 1. Во Ф1 емоциите честопати се пресилни, без разлика на тоа дали се добри или лоши. Го живеам мојот живот така долго време и сакам тоа да продолжи. Сè уште сум млад и брз и уживам во мојата работа. Не сакам да се смени ништо“, вели Батон.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...