Запознајте го Макс Ферстапен!

Шестнаесетгодишниот Макс Ферстапен ќе стане најмладиот Ф1 возач во историјата откако доби место во тимот на Торо Росо за следната сезона

Холанѓанецот, кој следниот месец полни 17 години, моментално настапува во Формула 3 шампионатот, а во Торо Росо ќе го замени Французинот Жан-Ерик Верњ.

„Јас сум целосно опуштен. Ќе успеам да се справам со притисокот. Поопасно е да се вози велосипед низ голем град отколку Ф1 болид“, вели Ферстапен Јуниор.

Холанѓанецот е син на поранешниот Ф1 возач, 42-годишниот Јос Ферстапен, кој настапи во 106 ГП трки за тимови како Бенетон и Тајрел од 1994 до 2003 година.

Тој ќе го сруши рекордот за најмлад возач во спортот, кој во моментов го држи Шпанецот Хаиме Алгуерсуари, кој имаше 19 години и 125 дена кога настапи на Унгарското ГП (исто така за Торо Росо) во 2009 година. Најмладиот возач кој освоил поен е уште еден возач на Торо Росо, Русинот Данил Квјат, кој имаше 19 години кога заврши како 9. на првата трка оваа сезона во Австралија. Русинот ќе биде колега на Ферстапен во 2015.

Ферстапен Јуниор беше успешен во картинг сериите пред да се префрли во Ван Амерсфорт тимот во Формула 3 оваа сезона, импресионирајќи со шест последователни победи за да биде втор во генерален пласман зад Французинот Естебан Окон.

МАЛКУ ИСКУСТВО, МНОГУ ТАЛЕНТ

Иако ќе дојде во Ф1 со помалку од 40 трки во болиди, ова не е првпат возачи да направат толку голем скок со мало искуство. Кими Раиконен имаше само 23 трки пред да дојде во Ф1 во 2001 година со тимот на Заубер, по што стана светски шампион во 2007 година. Младиот Холанѓанец не гледа проблеми.

„Мислам дека главниот чекор беше од картинг во Ф3. Од Ф3 до Ф1 нема толку голема разлика. Не сум загрижен“, вели Ферстапен.

Со приклучувањето на јуниорскиот тим на Ред Бул, Ферстапен го следи патот на кариерата на четирикратниот шампион Себастијан Фетел и неговиот колега од Ред Бул, Австралиецот Даниел Рикијардо.

НАЈМЛАДИ Ф1 ВОЗАЧИ

1.Хаиме Алгуерсуари (Шпа) 19 години 125 дена, Унгарско ГП, 2005

2.Мајк Таквел (НЗе) 19 години 182 дена, Канадско ГП, 1980

3.Рикардо Родригез (Мек) 19 години 208 дена, Италијанско ГП, 1961

4.Фернандо Алонсо (Шпа) 19 години 218 дена, Австралиско ГП, 2001

5.Естебан Туеро (Арг) 19 години 320 дена, Австралиско ГП, 1998



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...