Батон со поддршка за Луис, Алонсо предупредува

Возачот на Мекларен, Џенсон Батон, вели дека сочувствува со својот поранешен колега Луис Хамилтон по неславното Белгиско ГП кое беше одбележано со судирот со колегата Нико Розберг и целата „мешаница“ која се случи потоа во тимот на Мекларен.

Хамилтон, кој изјавуваше дека Розберг признал дека намерно го удрил, сега е на 29 поени зад колегата со седум трки до крајот на сезоната.

„Секако дека сочувствувам со Луис. Вистинска штета што тоа не е почиста борба. Мислам дека кога секој возач ќе ги види снимките, дури и Нико, ќе помисли дека тоа не е исправно. Немаше потег за претекнување и тоа е најчудно. Би очекувал подобра проценка во такви моменти“, вели Батон.

Батон, кој беше партнер на Хамилтон во Мекларен три сезони од 2010 до 2012 година, се согласува дека односите меѓу колегите ќе фрлат сенка на остатокот од шампионатот.

„Секогаш сум велел дека тој што ќе ја освои титулата оваа година е човекот кој завршил работа на патеката. Но, тоа не изгледа така во моментов. Со ова се додава зачин на веќе зачинетиот шампионатот. Дали е добро за спортот? Негативното е што не видовме добра битка меѓу нив двајца. Но, добро е што сите се возбудени за следната трка“, вели Батон.

Уште еден поранешен колега на Хамилтон, Фернандо Алонсо смета дека на Мерцедес ќе им биде многу тешко да ги заддржат среќни двајцата возачи.

„Тие се тркаа фантастично цела сезона и двајцата кажуваа дека е добро што тимот ги пушта да се борат. Во Бахреин имаа неверојатна трка. Сега, се допреа малку и ќе биде многу тешко. Ако има такви судири, тогаш тоа не е добро за тимот. Тешко е сите да се среќни“, вели Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...