МЕКЛАРЕН ПРИЗНАВААТ ДЕКА БАРААТ „ТОП-ВОЗАЧ“

Батон во „пензија“, Алонсо-Фетел во Мекларен?

Иднината на Џенсон Батон во Формула 1 изгледа многу несигурна откако шефот на Мекларен, Рон Денис, во четвртокот призна дека ги следи топ возачите кои може да бидат достапни

Батон, кој ја освои титулата во 2009 година со тимот на Браун, е во Мекларен од 2010 година, а оваа година му завршува договорот. 34-годишниот Британец, победник на 15 ГП трки во кариерата, е најискусниот Ф1 возач со деби во 2000 година и моментално е осми во генерален пласман со 68 поени.

Данскиот дебитант, 21-годишниот Кевин Магнусен има само 37 поени, но го победува Батон на квалификации и во него се гледа иднината на тимот. Денис вели дека е задоволен од сегашниот состав и дека двајцата можат да победуваат со конкурентен болид.

„Тие треба да бидат доволно одговорни и да сфатат дека Мекларен секогаш ќе прават сè да ги ангажираат најдобрите возачи. Џенсон и Кевин се одлична мешавина на искуство и младост, и засега сме среќни со нив. Останува фактот дека следиме што прават и другите возачи, и ако постои шанса, ние секогаш ја остваруваме“, вели Денис.

Медиумските шпекулации го поврзуваа Фернандо Алонсо со Мекларен, иако тој имаше несреќна сезона во Мекларен во 2007 покрај Луис Хамилтон и влезе во конфликт токму со Денис. Негов партнер во совршена комбинација би бил и Себастијан Фетел ако сака да премине од Ред Бул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...