Ферари нема да е ист без Монтеѕемоло

Ферари реши да го раскине едно од најдолгите партнерства во историјата на спортот, откако се раздели од својот претседател Лука ди Монтеѕемоло

Лука ди Монтеѕемоло по неколку недели демантирање, конечно, потврди дека си заминува од позицијата претседател на Ферари. На негово место од 13 октомври доаѓа Серџо Маркионе, шефот на Фиат

Околу заминувањето на Монтеѕемоло, кој во компанијата е повеќе од 40 години, постоеја многу шпекулации оваа сезона, и по италијанското ГП беше јасно дека сегашната ситуација во најславниот Ф1 тим е неиздржлива.

„Ферари ќе имаат голема улога во пуштањето на акциите на ’Фиат-Крајслер’ на Вол Стрит, и ова отвора нова и поинаква фаза која треба да ја води претседателот на групацијата. Ова е крај на ерата и решив да си заминам од позицијата претседател на компанијата по 23 прекрасни и незаборавни години со тимот, кој го основаше Енцо Ферари и во кој сум од 70-тите години од минатиот век. Прво сакам да се заблагодарам на фантастичните жени и мажи кои работат во Ферари, кои се вистински архитекти на спектакуларниот раст на компанијата, и пред сè на клиентите и на колекционерите кои ја делат нашата страст“, вели Монтеѕемоло.

Ферари имаат нова лоша сезона во која имаат само два подиума и се далеку од победа, а оваа година се случија многу промени, во прв план заминувањето на шефот на тимот Стефано Доменикали, на чие место дојде Марко Матијачи, дотогашниот претседател на Ферари Америка. Монтеѕемоло пред неколку дена на најблиските соработници им изјавил дека Ферари сега е „американски тим“ и дека почнува нова ера.

„Ферари е најпрекрасната компанија на светот. За мене беше огромна привилегија и чест да бидам лидер. Го посветив мојот ентузијазам во текот на годините и заедно со моето семејство, Ферари беше и продолжува да биде најважната работа во мојот живот. Им посакувам на сите акционери сè најдобро, а посебно на Пјеро Ферари, кој секогаш беше покрај мене“, додава Монтеѕемоло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...