Волф признава: „Хамилтон и Розберг како непријатели!“

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, вели дека колегите и ривали за титулата, Луис Хамилтон и Нико Розберг, се „како непријатели“ во борбата оваа сезона.

На шест трки пред крајот, започнувајќи со Сингапур ГП трката овој викенд, само 22 поена ги делат двајцата возачи, чии односи деградираа во текот на сезоната, пред целосен крах на Белгиското ГП, кога Розберг се удри во Хамилтон. Две недели подоцна Хамилтон врати со победа пред Розберг во Монца.

Волф, кој по инцидентите ги предупреди возачите дека можат да бидат сменети, сега признава дека односите се во „распад“.

„Ситуацијата се смени од речиси пријателска атмосфера на почетокот на сезоната до многу инциденти, во кои тие возат како непријатели. Но, ова исто така е процес на учење. Двајцата цел живот го подготвуваат за борба за тој трофеј во Ф1 и сега се во ист болид. Еден од нив ќе успее, другиот нема“, објаснува Волф.

Австриецот не сакаше да ги коментира тврдењата дека Розберг, конечно, ја покажа „безмилосната“ страна на својот карактер на квалификациите во Монако и на трката во Белгија.

„Има 22 момци и сите се безмилосни. Тие знаат што е потребно за да се победи. Нико секогаш бил таков. Не знам откаде дојде перцепцијата дека тој е фино момче“, додава Волф.

За Хамилтон, кој повторно има сезона со многу добри, но и лоши моменти, Волф смета дека нема потреба за никаква промена.

„Тој си најде свој начин и се развива екстремно, така што не му е потребен голем менаџмент. Само треба да сфатиме каква работна атмосфера треба да му дадеме за да функционира најдобро. Нема смисла сега да се обидувам да ги менуваме неговата личност и да му кажеме дека треба да се однесува како Ники Лауда или Фернандо Алонсо. На Луис му е потребно и кучето што го носи на трки, и тој Лос Анџелес пристап. Тоа е неговата личност и го прави да функционира добро“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...