Вилијамс во „лов“ на Ред Бул

Бразилецот Фелипе Маса смета дека почнал ново поглавје во сезоната откако стигна до првиот подиум за тимот на Вилијамс во Монца и е сигурен дека неговиот тим може да ги „фати“ Ред Бул во генерален пласман на конструктори.

Маса, кој дојде во Вилијамс по осум сезони во Ферари, заврши на третото место во Монца, домашната трка на неговиот поранешен тим со што Вилијамс ги поминаа Ферари во генерален пласман. Вилијамс сега имаат 177 поени, 15 повеќе од Ферари, но и 95 помалку од Ред Бул на шест трки до крајот на сезоната започнувајќи со неделната ноќна улична трка во Марина Беј.

Мерцедес се недостижни напред, но Маса вели дека е оптимист да додаде на неговите 55 поени, а со колегата Валтери Ботас да продолжи да напредува на табелата откако лани Вилијамс освоија само 5 поени.

„Планираме да ја намалуваме разликата на секоја трка и да ги стигнеме Ред Бул, кои сега се доста далеку, но никогаш не се знае. Во Формула 1 сé може да се смени многу бргу, и за две-три трки ситуацијата може да се целосно поинаква. Работата оваа година оди многу добро и можеби имаме шанса за второто место“, вели Маса.

Долгата тешка улична патека во Сингапур, каде што ќе пречи и тропската жештина ќе биде вистински предизвик за тимот, додава Бразилецот. Тимот најави повеќе подобрувања на болидот, но Маса признава дека патеката во Монца повеќе одговарала.

„Монца беше фантастична патека за нас. Бевме на подиумот и 4. место, ги поминавме Ферари... Навистина значајна трка. Се надевам дека ќе продолжиме така, меѓутоа Сингапур секогаш е тешка патека за сите, па и за нас“,додава Маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...