Мерцедес: „Титулата не треба да се одлучува со откажувања“

Шефот на Мерцедес Моторспорт, Тото Волф, вели дека неговиот тим ризикува титулата оваа година да загуби дел од сјајот ако битката помеѓу неговите возачи Луис Хамилтон и Нико Розберг се одлучува со постојаноста. Луис Хамилтон победи во Сингапур откако Нико Розберг имаше проблеми со воланот и Британецот сега има 3 поени повеќе во генерален пласман.

„Воопшто не би било задоволувачки титулата да се одлучува со вакви проблеми. Не сакаме шампионатот да се одлучи со тоа што ние ќе разочараме еден од нашите возачи. Затоа мораме да се фокусираме и да видиме што можеме да спречиме до крајот на сезоната“, вели Волф.

Нико Розберг призна дека се чувствувал ужасно по катастрофата во Сингапур, и исто така побара тимот да ја заврши својата работа.

„Тоа беше најтешкиот ден оваа година и сега можам да признаам дека бев во агонија и дека барав логично објаснување. Бев бесен во боксот, но полека се опоравувам. Поголемиот дел од лутината го оставив со кацигата“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...