„Новиот болид не ми одговара“, признава Фетел

Себастијан Фетел сега не се сомнева дека неговиот возачки стил едноставно не одговара на карактеристиките на болидот на Ред Бул оваа сезона.

Германецот имаше одличен прогрес во последните недели со РБ10, и го оствари својот најдобар резултат од сезоната со второто место во Сингапур пред колегата Даниел Рикијардо. Откако неколкупати ја менуваше шасијата поради ралзични фактори, Фетел е сигурен дека неговиот возачки стил е едноставно „некомпатибилен“ со овогодишниот дизајн.

„Секојпат кога ќе посакам да одам до максимум или да направам нешто, тоа не успева. Мислам дека тоа е до карактеристиките на овогодишниот болид заедно со надолната сила, односно со гумите. Или можеби не ми дава доволно бидејќи сакам да го постигнам тоа во одреден дел од кривината. Ова не е некој изговор бидејќи на крајот секој треба да извлече максимум од болидот. Направивме многу прогрес, но има многу места каде што можеме да бидеме подобри“, вели Фетел, кој заостанува 57 поени зад Рикијардо.

НЕМА БРЗО РЕШЕНИЕ

Проблемите на Фетел се делумно во ротацијата на болидот при влезот во кривините, но тој исто така ја губи предноста од минатите четири секунди во искористување на т.н. „разбиен дифузер“, кој создаваше поголема надолна сила на задниот дел на болидот.

Потребата за надопочнување на повеќе време во кривините доаѓа поради дефицитот на моќ на моторот на Рено, но и поради зголемувањето на трошењето на пневматиците. Запрашан дали ова се проблемите, Фетел дава потврден одговор.

„Очигледно секој вози на начин на кој смета дека ќе биде најбрз, а тоа дали ќе одиш до максимум или ќе се штедиш зависи од ситуацијата. Оваа година тоа не е толку едноставно“, вели Фетел.

Германецот признава дека не постои гаранција дека ќе извлече максимум од болидот за 2015 година.

„На кратки патеки сигурно не можат да се надминат овие проблеми бидејќи да беше така лесно веќе ќе ги решевме. Мислам дека сме во подобра форма во последните неколку трки“, објаснува Германецот.

НЕМА „ПРЕД-ДОГОВОР“ СО ФЕРАРИ

Фетел исто така објаснува дека младиот Австралиец Даниел Рикијардо му го „направил животот покомплициран“, а неизбежно беше и отфрлањето на шпекулациите дека следната година ќе вози за Ферари, на местото на Фернандо Алонсо.

„Повеќепати сум кажал дека имам договор со Ред Бул за следната година и стојам на тоа дека ќе возам со нив. Се уште имам многу за остварување со овој тим и сакам да се осигурам дека ќе направиме камбек“, кратко изјави Фетел.

Минатата недела Берни Еклстоун уште повеќе ги „загреа“ шпекулациите за трансфер на Фетел во Скудерија, велејќи дека „Фетел е совршениот човек за Ферари, ако сака да си замине“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...