Ферстапен ќе руши рекорди во Јапонија

Макс Ферстапен ќе го има својот прв официјален Ф1 викенд на Јапонското ГП откако тимот на Торо Росо потврди дека ќе вози на првиот слободен тренинг.

Холанѓанецот, кој ќе стане најмладиот Ф1 возач во историјата кога ќе вози за италијанскиот тим во 2015 година, чекаше таканаречена „супер-лиценца“ и откако се потврди тоа, тимот реши да му даде прва шанса.

„Едвај чекам да бидам дел од Ф1 викенд првпат во кариерата. Тоа е одлична подготовка за следната година и нешто што не можев да го замислам пред неколку месеци. Ќе добијам драгоцено искуство, ќе поминам повеќе време во болидот и иако сум бил на симулаторот, ништо не е како кога ќе влезеш во вистински болид“, вели Ферстапен.

Холанѓанецот, кој ќе наполни 17 години во вторник исто така е најмладиот возач кој учествувал на Ф1 тренинг. Тој вели дека бил „скениран“ од глава до петици пред дебито.

„Во Финска го тестираа моето физичко здравје и за среќа сé е добро. Тие ме скенираа од глава до петици и медицинскиот тим беше задоволен од мојата подготвеност. Досега тестирав на симулаторот во центарот на Ред Бул двапати, но речиси невозможно е да се креираат силите на вистински болид“, додава Ферстапен, кој инаку е син на поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...