Хамилтон не заминува од Мерцедес

Луис Хамилтон не е подготвен да си замине од тимот на Мерцедес велејќи дека ужива во животот во еден од „најкул брендовите на светот“.

Светскиот шампион од 2008 година дојде во тимот од Брекли пред сезоната 2013, со договор до крајот на сезоната 2015, откако претходно цела кариера ја помина во тимот на Мекларен.

Мерцедес дадоа на неговиот колега Нико Розберг нов повеќегодишен договор оваа година и потврдија дека преговараат со Англичанецот за продолжување на договорот.

Функционирањето на тимот не беше најдобро последните месеци и покрај апсолутната доминација на патеката откако Хамилтон и Розберг неколкупати имаа контроверзни моменти, вклучувајќи го судирот на Белгиското ГП. Шпекулациите велеа дека Мерцедес го фаворизираат Розберг поради тоа што е Германец, меѓутоа 29-годишниот Хамилтон не верува во тоа.

„Двајцата секогаш сме биле третирани 100% фер. Никогаш не сум размислувал за заминување. Мерцедес е еден од најкул и најтрадиционалните брендови во светот. Сè уште имам договор за следната година. Се чувствувам среќно тука, за мене ова е како семејство. Постои позитивно чувство дека треба да останеме заедно и по следната година“, вели Хамилтон.

НЕМА „ДРИМ ТИМ“ АЛОНСО-ХАМИЛТОН ВО МЕКЛАРЕН

Мекларен во исто време бргу ги демантираа вестите дека Луис Хамилтон потпишал договор за враќање во тимот следната сезона. Британскиот тим го нема потврдено составот за 2015, и шефот на тимот Рон Денис вели дека нема брзање.

Тој претходно призна дека сака да привлече „големо име“ во Мекларен, со Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел како први кандидати. Но, сепак, Фетел речиси сигурно оди во Ферари откако објави дека заминува од Ред Бул, отварајќи можност Алонсо да се врати во Вокинг. Во средата неколку сајтови објавија дека Хамилтон веќе има договор.

„Луис бил во фабриката во Вокинг пред три недели. Пристигна со хеликпотер и имаше разговор со менаџментот по што потпиша договор“, изјави „инсајдерот“ на Мекларен.

Официјално, портпаролот на Мекларен има поинаква приказна.

„Тоа е чиста глупост без основа, што кажува многу за тоа колку треба да се веруваат вестите од тој веб-сајт. Како што Рон Денис кажа во Сузука, Мекларен нема финализирано договори за 2015“, вели портпаролот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...