„Сив облак“ над Руското ГП

По само четири дена од страшната незгода на Жил Бјанки на Јапонското ГП, Ф1 „заедницата“ се собра во Сочи за првото Руско ГП, и нормално атмосферата не беше најдобра

Неделната трка е прва која се оддржува во Русија на новиот „Сочи Аутодром“, супер-модерната патека околу олимпискиот парк во кој во февруари се одржуваше Зимската олимпијада.

Сепак, наместо главна тема да биде новата патека и новите пазари на Ф1, како што вели Адријан Зутил, сведокот на несреќните околности под кои Бјанки се повреди, трката на Црното Море ќе се одржува под „сив облак“. Возачите географски поминаа многу километри, но мислите сè уште се во клиниката во Јапонија, каде што Бјанки се уште се бори за животот.

„Не спиев многу добро од неделата и моите мисли се цело време со Жил. Но, знам дека ако тој би можел да каже нешто сега, ќе каже, ајде момци, имате ГП трка пред вас. Возете. Јас сум заљубен во Формула 1, заљубен во тркањето. Знам дека и Жил го мисли истото“, вели неговиот сонародник, возачот на Лотус, Роман Грожан.

Марусја се уште немаат потврдено кој ќе се натпреварува на неговото место покрај Макс Чилтон, а името и дизјанот на кацигата на Бјанки се уште се над нивната гаража.

Се очекува сите возачи да имаат некоја порака за поддршка за нивниот колега на болидите, а прес-конференцијата во четвртокот на која беа Адријан Зутил, Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Џенсон Батон, Фелипе Маса и Данил Квјат само покажа колку тешко ја прифаќаат ситуацијата.

„Сите наши мисли се со Жил. Имаме голема почит кон нашиот спорт, но кога ќе се случат големи несреќи, немаме зборови да го опишеме чувството. Ќе биде емоционално и многу тешко, но ќе се тркаме со него, бидејќи сите наши мисли се со него“, вели возачот на Ферари, Алонсо.

Бјанки, кој беше дел од јуниорската програма на Ферари, доби сериозна повреда на главата кога со неговиот болид излета од влажната патека и удри во кранот кој го собираше болидот на Заубер на Адријан Зутил, кој излета еден круг порано. Зутил, кој беше сведок на несреќата, не сакаше да зборува за деталите, иако признава дека таа била шок за сите.

„Ќе мораме да се молиме бидејќи тоа е единственото нешто што можеме да го направиме. Иако има сив облак над нас, ќе се обидеме да бидеме професионалци и да се тркаме за него“, вели Зутил.

Фелипе Маса, кој преживеа тешка незгода во 2009 година, кога за малку ќе го загубеше окото, признава дека трката во Јапонија била „најлоша во неговиот живот“.

„Бидејќи не се сеќавам на мојата несреќа во Унгарија, ова е најлошата трка. Ова беше многу тешка недела за сите. Ќе го дадеме максимумот за него и за неговото семејство“, вели Маса, посочувајќи на првите тренинзи.

Пред една недела, главната тема пред подготовките за трката во Јапонија беше „пазарот“ на возачи и одлуката на Фетел да замине од тимот на Ред Бул. Сега, никој не сака да шпекулира за местата во 2015 година, и шпекулациите се официјално „под маса“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...