Розберг мора да оди на три победи

Нико Розберг вели дека му се потребни победи на последните три трки од сезоната доколку сака да го победи својот клупски колега од Мерцедес, Луис Хамилтон до светската титула.

Розберг успеа да го претекне освојувачот на пол-позицијата Хамилтон на стартот на Руското ГП, меѓутоа веднаш направи грешка и со претерано користење на сопирачките ги уништи „пневматиците“ и мораше во боксот.

Тој имаше фантастично „опоравување“ и со еден сет на гуми стигна до целта на второто место, но сепак, останува чувството на голема пропуштена шанса која сега се смета во 17 поени.

„Бев во борба со Луис и оплескав! Лоша грешка! Тоа беше моја кривина, барем така мислев, но беше првпат да дојдам таму со полн резервоар гориво. Нема друг виновник“, изјави Розберг.

Наместо победа, Розберг остана смирен по трката и ја прослави со Мерцедес тимската титула, по што можеше само да вети дека ќе се бори во последните три трки од сезоната, Остин, Интерлагос и Абу Даби, каде што ќе се доделат двојни поени.

„Сега, само морам да нападнам на сите три трки и да одам на победа. Добро е што трите патеки се меѓу моите омилени“, вели Розберг.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, инсистира дека борбата меѓу неговите возачи ќе се одлучува во последната трка, што е и реално бидејќи трката во Абу Даби носи дури 50 поени за победа.

„Борбата за титулата е ’отворена’ бидејќи има 50 поени во последната трка. Немам илузии дека титулата ќе се реши претходно. Работите во Ф1 се менуваат бргу“, објасни Волф.

Хамилтон пак, вели дека нема да се чувствува удобно како лидер во генерален пласман и покрај четвртата победа во низа.

„Никогаш не треба да се чувствуваш удобно. Тесно е до крајот на сезоната и ова е шампионат кој ќе се одлучува на крај. Се надевам дека иднината е блескава во следните неколку трки. Нико е многу блиску и завршува одлична работа. Останувам со главата надолу пред последните три трки. Најважната разлика се брои на крајот на сезоната“, изјави Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...