Филип Бјанки: „Со секој повик го очекувам најлошото“

Фил Бјанки, таткото на повредениот возач на Марусја, Жил Бјанки, имаше емотивно интервју за италијанскиот спортски весник „Ла Газета дело спорт“ во кое открива дека стравува со секој телефонски повик, но останува сигурен дека неговиот син ќе се „извлече“.

Французинот Бјанки доби сериозни повреди на главата откако се удри во трактор кој го отстрануваше болидот на Адријан Зутил, кој излета само круг претходно на влажната патека во Сузука. Оттогаш тој е во клиниката во Мие, Јапонија, каде што имаше итна операција на мозокот, по што се појавија многу малку вести.

„Ситуацијата е очајна. Секојпат кога телефонот ќе заѕвони знаеме дека може да се луѓето од болницата да ни кажат дека Жил е мртов. Но, тој нема да се предаде, сигурен сум во тоа. Верувам во тоа. Зборувам со него, знам дека може да ме слушне. Неговите лекари велат дека тоа што е жив е чудо бидејќи никој не преживеал толку сериозна повреда. Жил сигурно нема да се предаде“, вели Филип Бјанки во интервјуто.

Според него, семејството добива сила од поддршката што 25-годишниот Бјанки ја добива од другите возачи, кои се собраа на стартот на Руското ГП во знак на солидарност.

„Никогаш не сум видел такво нешто и тоа длабоко нè допре. Им благодариме на сите. Многу од нив се во контакт со мене и ми пишуваат - Алонсо, Верњ, Маса. Хамилтон ми напиша прекрасна електронска порака, а се јавија и Роси и Маркез од Мото ГП“, додава таткото.

Семејството исто така добива инспирација од борбата на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, кој продолжува со закрепнувањето по повредата на главата при инцидент на скијање во декември.

„Бев многу тажен кога тој се повреди. Се чудев зошто никој не кажува како е тој, но сега сум во иста позиција и го разбирам тоа. Сите прашуваат како е Жил и јас немам одговор. Еден ден е подобро, друг ден полошо. Лекарите не кажуваат ништо. Тешко е. Во една недела животот на моето семејство е уништен. Што правиме тука во Јапонија? Живееме кошмар далеку од дома. Но, кога Жил ќе биде подобар, ќе го префрлиме, можеби во Токио и ќе биде полесно. Сега можеме само да чекаме“, завршува Филип Бјанки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...