„Фетел ќе им покаже на сите“

Поранешниот светски шампион Марио Андрети верува дека Себастијан Фетел го има потребното да ја „сврти“ среќата на Ферари и ќе покаже дека не е „еднодимензионален возач“.

Фетел си заминува од Ред Бул на крајот на сезоната по четири освоени титули и иако не потврди каде заминува, се верува дека тој ќе го замени Фернандо Алонсо во Ферари и ќе биде колега со Кими Раиконен. Двократниот шампион Алонсо си заминува од Маранело во потрага за „нова околина“ бидејќи не „може да чека нови победи“, според екс-претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.

Фрустрацијата на Шпанецот е јасна и доаѓа бидејќи Ферари не можат да му дадат шампионски болид пет години, но останува и прашањето дали ќе му дадат таков болид и на Фетел. Андрети, кој беше светски шампион со Мекларен, вели дека ситуацијата може да се смени.

„Според мене, Себастијан ќе биде добар каде и да оди. Нему му треба нов предизвик, и нов начин на оценка. Сигурен сум дека ќе го добие тоа во Ферари. Тимот можеби сега е долу, но наскоро тоа може да се смени. Не може да биде полошо отколку со Фернандо. Со конкурентен болид тој може да го крене Ферари, и сите знаеме колку е тоа важно за Ф1“, вели Андрети.

Иако Фетел има четири титули, многумина не го ценат како еден од најдобрите оценувајќи дека титулите дојдоа поради доминантни болиди. Андрети вели дека Германецот може да ги замолчи критичарите.

„Досега може да се даде оценка дека тој е еднодимензионален возач, дека не може да вози со болиди со помала надолна сила, и така натаму... Но, оваа сезона тој покажа дека станува сè посилен и талентот на крај ќе се покаже. Никогаш не треба да го потцените“, додава Андрети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...