Френцен: „Розберг мора да се ослободи“

Нико Розберг мора да се опушти ако сака да се врати во трката за титулата оваа сезона. Ова е советот на неговиот германски соанродник Хајнц-Харалд Френцен, кој во своите најдобри години беше во игра за титулата во 1999 година.

47-годишниот Френцен во интервју за „Ауто Билд“ тврди дека Розберг, кој беше лидер во генерален пласман пред неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон во првиот дел од сезоната дозволува да ја загуби титулата во финишот. Хамилтон сега има 17 поени предност откако победи на последните четири трки.

„Нико греши бидејќи не е слободен во главата. Треба да се однесува како борбата за титуалта да е веќе завршена. Само со тоа што нема да мисли на тие работи ќе почне да се опушта“, вели Френцен.

Поранешниот возач на Вилијамс, Џордан и Заубер, оценува дека токму смиреноста на Хамилтон му носи доминација во интензивната битка.

„Луис е ментално силен и целосно опуштен. Тоа може да се забележи во малите работи, начинот на кој влегува во болидот, начинот на кој ги облекува ракавиците“, вели Френцен.

Меѓутоа, со трката во Абу Даби, која контроверзно носи двојни поени, многу веројатно е титулата да се одлучува во последната трка дури и да продолжи супериорноста на Хамилтон. Со 50 поени на последната трка, останува математички можно, Розберг да заостанува 49 поени и да ја освои титулата ако победи, а Хамилтон не ја заврши трката.

„Има многу поени во последната трка, така што титулата ќе се одлучи таму. Нема причина за загриженост. Никогаш не знаеш што носи идниот ден и треба да си подготвен за тоа. Ќе уживам во последните трки и се надевам дека ќе бидам посилен од Нико“, изјави Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...