„Стечај“ во Катерхам, проблеми и во Марусја

Тимот на Катерхам сега се води од стечајните управители откако сегашниот менаџерски тим реши да се повлече. По драматичните 24 часа на обвинувања меѓу купувачите на тимот Енгавест и поранешниот сопственик и основач, Тони Фернандес, се направи последен обид за спас во петокот. По ова, стечајните управители „Смит & Вилијамс“ го контролираат тимот.

„По барањето од стечајните управители на ’Катерхам Спортс Лимитед’ и адвокатите на г. Тони Фернандес, претставниците на 1МРТ/Катерхам тимот се согласија да го предадат управувањето на тимот на управителот Финбар О’Конел за тимот да може да продолжи со операциите и да се подготвува за следните трки“, се вели во соопштението на Катерхам.

Потегот значи дека стечајните управители имаат 24 часа да ја средат финансиската состојба и болидите да бидат испратени во САД за следната трка во Остин,

Тексас. Поранешниот шеф Колин Колс, претставник на Енгавест, објави дека направил сè што може и дека се повлекува. Сепак, и покрај тоа членовите на тимот повторно не можеа да влезат во фабриката на тимот во Лифилд.

Формула 1 може да се најде со само 18 болиди на Американското ГП следниот викенд, откако изворите велат дека и на тимот на Марусја му е потребна помош за да се патува на трките надвор од Европа.

Според германскиот магазин „Ауто мотор унд спорт“, тимот едвај преживува од Белгиското ГП во август, и потребна е „финансиска инјекција“ пред патувањето во Остин и Сао Пауло, додека сопственикот на тимот, Андреј Чеглаков бара купувач. Од Италија, пак, доаѓаат шпекулации дека Ферари веќе не им дава технички податоци за моторите, поради тоа што сегашните мотори не се платени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...