Фетел пред „тешка задача“ во 2015

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел признава дека одлучувал меѓу бирање на нов тим и заминување од спортот во 2015 година

„Јавна тајна“ е дека Фетел, кој најави заминување од Ред Бул пред неколку недели, ќе заврши во Ферари следната година, но договорот не се објавува по „натегањето“ меѓу италијанскиот тим и Фернандо Алоно.

„Се надевам дека наскоро ќе објавам што се случува. Но, засега треба да сме трпеливи. Свесен сум дека пред мене имам тешка задача, посебно во ера во која Мерцедес има толку голема предност“, вели Фетел во интервју за германскиот магазин „Ауто мото унд спорт“.

Тој посочува дека останување во Ред Бул би била најбезболната опција.

„Да се прави нешто поинаку е чекор во непознатото. Размислував многу за тоа што треба да направам. Да не бев сигурен дека можам да бидам успешен, немаше да го правам тоа. Ова не е одлука против Ред Бул, туку нешто ново за мене“, додава Фетел.

БОЛИДИ КОИ СЕ РЕСТАРТИРААТ

Фетел оваа година беше победен од својот колега, дебитантот Даниел Рикијардо, кој оствари три победи оваа сезона. Причината за разочараност најмногу доаѓа по трансферот од моќните В8 мотори на турбо В6 хибридни мотори.

„Секако дека размислуваш за сè. Одеднаш имаш два цилиндри помалку и тимот го рестартира твојот болид како компјутер. Посебна мака се системите за поврат на енергијата бидејќи со нив го нема чувството на нормален автомобил. Понекогаш си помислуваш: ’каква врска има ова со тркањето?’. Меѓутоа, што е алтернативата? Да, болидите се побавни, но сèе уште се најбрзите на светот“, објаснува Фетел.

РЕД БУЛ ГИ „КРИЕ“ ТАЈНИТЕ ЗА 2015

Германецот не верува дека е „замрзнат“ во техничките разговори во Ред Бул откако најави дека заминува, но признава дека не го информираат за развојот на болидот за 2015.

„Мислам дека сум доволно долго во тимот за да знам што се случува. Така, никој не ме турка на страна. По пет години знаеш сè и има заемна почит. За сите работи кои се однесуваат на следната година не се разговара со мене, но тоа е нормално. Но, има работи кои ги тестираме во викендите кои сигурно ќе се користат следната година. Ако се работи за тајна, тогаш нема да знам за тоа“, додава Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...