Нема пари за помалите тимови

Берни Еклстоун им порача на помалите Ф1 тимови кои бараат по-фер распределба на милијардите од ТВ правата дека нема да добијат дополнителни пари

Пет од единаесетте Ф1 тимови, Ред Бул, Ферари, Мекларен и Вилијамс, добија 63% од парите од носителот на комерцијалните права во 2013, што значи дека 37% се поделени меѓу шест тима, од кои само еден (Лотус) е во „Стратешката група“ на Ф1, која ги одредува регулативите.

Во понеделникот триото Форс Индија, Заубер и Лотус пратија писмо до Еклстоун, претседателот на ФИА, Жан Тод, и шесте преостанати тимови објаснувајќи ги своите проблеми, и во исто време барајќи промена. Писмото доаѓа по неуспехот на кризните преговори во Бразил и наводниот состанок меѓу Еклстоун и носителот на комерцијалните права ЦВЦ Капитал Партнерс.

Во писмото се вели дека тимовите не „можат да ја прифатат сегашната поделба на средствата поради големото зголемување на трошоците“, иако претходно имаат потпишано билатерални договори со Еклстоун и ЦВЦ. Еклстоун воопшто не е загрижен.

„Тие имаат потпишано договор. Знаат точно што потпишале и колку пари ќе добиваат. Ние немаме контрола на тоа колку тие сакаат да трошат, и тоа е првиот проблем. Нормално, во бизнисот прво ќе треба да оцениш колку пари ќе добиеш и потоа ќе трошиш во тие рамки, инаку имаш проблеми. Тие не ја следеа вообичаената бизнис-логика. Секако дека треба да има намалување на трошоците. Нема потреба да се трошат толку пари, но нормално трошат за да победат. Но, никој, вклучувајќи ги и луѓето кои се жалат, не направи напор да штеди“, вели Еклстоун.

МОТОРИТЕ СЕ ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ

Тој, сепак, има симпатии кон позицијата во која се наоѓаат тимовите со воведувањето на новиот хибридни В6 мотори, кои носат огромни трошоци.

„Со тоа се согласувам 100%. Ја имаат мојата поддршка бидејќи јас никогаш не сум го сакал тој мотор во Формула 1. Со тоа не добивме ништо. Не ме сфаќајте погрешно, се работи за фантастично парче инжинеринг, да се извлече толку моќ со толку гориво е неверојатно. Но, ниту еден уличен автомобил нема да го користи истиот систем, така што системот е убав само за инженерите, но не и за тимовите“, додава Еклстоун.

СОСТАНОК ВО АБУ ДАБИ

Трите тима порачаа дека сакаат состанок со Берни Еклстоун на последната трка од сезоната во Абу Даби овој викенд за разговор за прераспределба на средствата. Тимот на Марусја веќе официјално се заврши, додека Катерхам иако ќе се трка во Абу Даби има апсолутно несигурна иднина.

Според заменикот-шеф на Форс Индија, Боб Фернли тие не сакаат да фрлат сенка на борбата за титулата во последната трка, кога Луис Хамилтон и Нико Розберг ќе имаат последна пресметка за круната.

„Фокусот треба да биде на прекрасното финале од шампионатот, и немаме намера да го нарушиме тоа“, вели Фернли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...