Бјанки излезе од кома, Шуми е парализиран?

Критично повредениот возач на Ф1 тимот на Марусја, Жил Бјанки, веќе не е во вештачки индуцирана кома, но останува несвесен, објави неговото семејство.

Бјанки ја доби најсериозната повреда во Ф1 по смртта на Аиртон Сена во 1994 година откако се удри во тракторот кој отстрануваше болид на дождот на Јапонското ГП во Сузука на 5 октомври, исто така, е префрлен од Јапонија во болницата во Ница, Франција.

„Речиси седум недели по инцидентот во Сузука и по тежок период за сите нас, можеме да објавиме дека Жил направи значителен чекор. Тој веќе не е во вештачка кома во која беше поставен кратко по несреќата, меѓутоа сè уште е несвесен. Жил дише без помош и неговите витални знаци се стабилни. Сепак, неговата состојба останува критична“, се вели во соопштението на семејството на францускиот возач.

Тие додаваат дека почнува нова фаза на заздравувањето, поточно „подобрување на мозочните функции“, но дека состојбата е доволно подобрена за да биде префрлен назад во Франција, каде што пристигнал во средата.

„Добро е што следната фаза од третманот може да продолжи поблиску до дома, каде што ќе биде опкружен со семејството и пријателите. Имаме само пофални зборови за лекарите во медицинскиот центар во Мие, на кои им должиме многу“, се додава во соопштението.

ШУМАХЕР НЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА

Во исто време фановите на Михаел Шумахер добија лоши вести од еден поранешен возач и близок пријател на семејството. Поранешниот возач Филип Штрајф вели Шуми е парализиран, во инвалидска количка и има проблеми со меморијата и со говорот.

Шумахер доби сериозна повреда на главата на скијање во Мерибел, Франција, во декември 2013 година, по што беше на операција на мозокот во Гренобл, пред во јуни да биде префрлен во Лозана, Швајцарија, а во септември да се врати во својот дом.

„Шумахер е подобро, но сè е релативно. Тој не може да зборува. Парализиран е и е постојано во количка. Тој има проблеми со меморијата и зборувањето. Со своето семејство ќе може да закрепне побргу, но ќе биде тешко“, вели Штрајф, кој самиот е во количка по судирот во Бразил на тестирањето во 1989 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...