Луис сега има два трофеја, до колку може?

Британецот Хамилтон ја запечати својата втора Ф1 титула во стил во неделата во Абу Даби победувајќи по 11. пат оваа година, победувајќи го колегата Нико Розберг. Германецот се закани дека ќе оди на титула со пол-позицијата, меѓутоа неговата трка имаше неславен крај по проблемите со моторот и заврши на 14. место.

Уште поголема изгледа доминацијата на тимот на Мерцедес, кој немаше победи во само три трки оваа сезона, коај понекогаш наликуваше на таа на Мекларен од славните денови на Сена и Прост.

Ова е втор трофеј на Хамилтон по тој освоен во втората сезона во спортот во 2008 година со Мекларен и сега прашањето е дали ќе се задоволи со рушењето на британскиот рекордер Сер Џеки Стјуарт од три титули, или ќе оди поголемите рекорди.

„Би било сон да можеме да ја почнеме новата сезона уште посилни од сега. Тоа е целта. Имам целосна доверба во тимот кој покажа дека знае да ја најде брзината“, коментираше Хамилтон.

СОМНЕЖИ ВЕЌЕ НЕМА

Ова звучи поразувачки за ривалите на Мерцедес, кои сезоната ја освоија со 296 поени предност од Ред Бул, тим кој последните четири години освојуваше двојна титула. Со 33 победи во кариерата, Хамилтон нема што да докажува, но тој смета дека успеал да замолчи некои критичари.

„Се зборуваше дека не можам до титулата поради мојот агресивен стил на возење. Но, низ сите трки покажав дека користам помалку гориво, дека успевам да ги менаџирам моите гуми исто добро како и најдобрите“, додава Британецот.

Хамилтон, меѓутоа, знае дека може да биде подобар во квалификациите, посебно ако Розберг го крене нивото во неделите.

„Нико заврши одлична работа, посебно во квалификациите. Ќе видам во детали како можам да го подобрам тоа“, завршува Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...