Ф1 тимовите загубија 127.5 милиони фунти!

Формула 1 тимовите имаа комбинирана негатива од 127.5 милиони фунти минатата година, тврди познатиот Ф1 аналитичар Кристијан Силт. Губитокот се гледа преку сметките на тимовите и најголемата причина се огромните трошоци поради кои „колабираа“ двата најмали Ф1 тима, Катерхам и Марусја во последните два месеци.

Марусја престана да постои во ноември, додека стечајните управници на Катерхам тврдат дека се потребни инвеститори за тимот да продолжи да се трка и во 2015.

Зачудувачки, повеќе од пола од минусот е направен од тимот на Лотус, во сопственост на приватната компанија Гении Капитал. Нивната загуба од 64.9 милиони фунти е најголема во историјата на кој било тим и покрај приходите од 92.7 милиони фунти. Трошоците се намалиле за 3 милиони фунти, но исплатата на долгови внатре во компанијата скокнала на 13.6 милиони фунти. Трошоците се исплатеа бидејќи Кими Раиконен победи на првата трка од сезоната, но на крајота на 2013, Раиконен замина во Ферари и тврдеше дека тимот му должи 15 милион и фунти.

Мерцедес го имаат вториот најголем минус, поради растот на оперативните трошоци од 39.6 милиони фунти на 190.7 милиони фунти поради трошењето на болидот за 2014, кој ја освои двојната титула. Ова беше најголемата сума која Мерцедес ја потроши од преземањето на тимот во 2009.

Само четири тима имаа профит - минатогодишните шампиони Ред Бул Рејсинг, нивниот „сестрински“ тим Торо Росо, Вилијамс и Мекларен. Со 15.1 милиони фунти по плаќање данок, заработувачката на Мекларен беше најголема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...