Дали Мекларен, конечно, се одлучија?

Долгото чекање за составот на тимот на Мекларен за 2015, најверојатно, заврши. Британскиот тим покани селектиран избор на новинари за „важен и ексклузивен медиумски настан“ во фабриката во Вокинг во четврток наутро.

Одлуката за возачите во англискиот тим требаше да се случи по крајот на сезоната, меѓутоа дури утре би требало да се потврди договорот на Фернандо Алонсо и идентитетот на неговиот колега во новата ера на тимот со стартот на соработката со Хонда.

Прв фаворит за местото е дебитантот од 2014, Данецот Кевин Магнусен, но од местото не се откажува ниту најискусниот возач во Ф1, светскиот шампион Џенсон Батон.

Откако возачот на Лотус, Роман Грожан, изјави дека е време „Батон да направи место за свежата крв“, 34-годишниот Батон на Твитер му одговори на Твитер: „Секогаш можеш да го предадеш своето место на младите“.

ОДЛУКА ЗА ИДНИНАТА НА ТИМОТ

Одлуката за возачите предизвика многу контроверзи и шпекулации, а неодамна тркачкиот директор Ерик Булие најави дека е потребно време за да се донесе исправна одлука за долгорочната иднина на компанијата.

„Не постои проблем, туку само е потребно време да се размисли што е најдобро за Мекларен. За жал, не можам да ви дадам било какфо инфо, бидејќи не знам. Не е направена одлука. Знам дека многу фанови на Џенсон и на Кевин кои се нестрпливи, но мораме да ја донесеме најдобрата одлука, не само за 2015, туку за следните години“, изјави минатата недела Булие.

Ако тимот не го избере Батон, тоа ќе значи крај на Ф1 кариерата на 34-годишниот Британец, кој подолго време е поврзуван со трансфер во „Ле Ман серијата“. Пристигнувањето на Алонсо може да значи и доаѓање на нов главен спонзор во тимот, со телеком гигантот „Мовистар“ како најверојатен кандидат. Мекларен беа единствен тим без главен спонзор во 2014, откако „Водафон“ не го продолжи договорот.

АЛОНСО СИ ЗАМИНУВА АКО ТИМОТ НЕ Е КОНКУРЕНТЕН?

Според италијанскиот весник „Ла Газета дело спорт“, Алонсо успеал во својот договор да постави клаузула со која може да го прекине договорот доколку тимот не му обезбеди победнички болид. Според Италијанците, Алонсо ќе има договор на две години со опција за трета, за да се разгледа успешноста на партнерството Мекларен-Хонда.

Алонсо наводно се уште не се откажал од надежта да вози за Мерцедес во 2016 година, доколку германскиот тим не стигне до нов договор со Луис Хамилтон. Со своите 33 години, Алонсо не смее да си дозволи нов долг период без успех по петте години со Ферари, но ако се проценува по првиот тест на В6 турбо-хибридниот мотор на Хонда, во кој во два дена се комплетираа само 4 круга во Абу Даби, тимот нема да има шанси да се бори со Мерцедес и другите тимови со германски мотори во 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...