„Мекларен“ го избра Батон

Тимот на „Мекларен“ денеска соопшти дека нивни втор возач следната сезона во шампионатот во Формула 1 ќе биде Џенсон Батон, додека Кевин Магнусен ќе ја врши улогата на тест возач.

„Мекларен“ од претходно постигна договор за ангажирање на Фернандо Алонсо од „Ферари“, а се чекаше одлука за негобвиот тимски колега, дилемата беше Батон или Магнусон.

- Политиката на „Мекларен“ отсекогаш била да состави најсилен тим и верувам дека тоа сега го имаме со Алонсо и Батон. Преговорите со Џенсон долго траеја, ама успешно завршија, изјави шефот на „Мекларен“ Рон Денис.

Алонсо во 2007 година возеше за „Мекларен“, но го напушти тимот поради несогласување со Луис Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 15 март 2015 година со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...