Фетел е вистинскиот избор за Ферари

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, вели дека тимот направил „вистински избор“ кога потпишал договор со Себастијан Фетел како замена за Фернандо Алонсо.

Монтеѕемоло беше заменет од претседателот на Фиат, Серџо Маркионе во октомври по повеќе од 15 години на чело на тимот, така што тој не ја донесе одлуката за заминување на Алонсо по пет години во тимот и потписот со Фетел, човекот кој од 2009 до 2013 година ја „мачеше“ Скудерија со четири титули во низа со Ред Бул Рејсинг.

„Жал ми е за Алонсо, меѓутоа мислам дека Фетел е вистинскиот избор. Двајцата возачи имаат желба за нов почеток и за враќање на самодовербата. Дали Ферари ќе се врати на победите бргу? Навистина се надевам. Важно е да се обидеме да ја освоиме титулата со дух и страст. Тогаш ќе видиме што ќе се случи“, вели Монтеѕемоло во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Последната титула за Ферари беше во „далечната“ 2008, кога Фелипе Маса и Кими Раиконен заедно ја донесоа круната кај конструкторите.

АЛОНСО: ФЕРАРИ СО СИЛЕН ТИМ ВО 2015 ГОДИНА

Поранешниот возач на тимот, Алонсо верува дека Скудерија ќе биде силен предизвикувач во сезоната 2015 година и покрај сите проблеми што ги имаа оваа година Ферари ја завршија првата сезона без победа во Формула 1 од 1993 година и загубија во борбата со Вилијамс за третото место во генерален пласман на конструктори.

Односите меѓу тимот и Алонсо полека се распаднаа во текот на летото и Шпанецот по пет сезони во тимот се врати во Мекларен. Ова е прва година во која Алонсо, двократниот светски шампион не победил на барем една трка во сезоната од 2010 година. И покрај ова, финансиските и техничките ресурси на Ферари значат дека тие ќе бидат сериозни конкуренти во 2015 година, смета Алонсо.

„Однадвор ќе биде тешко да се оцени колку добро им оди на Ферари, но тие имаат талентирани луѓе, ги имаат потребните ресурси, потребната мотивација и со време ќе победуваат. Мислам дека во последните пет години ни недостасуваше само малку во болидот и во техничките ресурси. На почетокот имавме мака со аеродинамиката, потоа со моторот. Со тој буџет, мора да бидат Фаворити. Сите во Формула 1 очекуваат Ферари да победува“, објаснува Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...